Скопје, 20 јуни 2020
Очаен е обидот на СДСМ да го бранат својот лидер Зоран Заев од случајот со „Рекет“ во кој е до гуша заглавен. Веќе никој во Македонија не верува дека Зоран Заев го пријавил случајот „Рекет“, туку напротив јавноста секој ден е се поубедена дека политичкиот врв на власта стоел зад таа операција, го организирал и го заштитувал милионскиот рекет.
После сведоштвото на Бојан Јовановски дека рекетираните пари треба да се бараат кај браќата Зоран и Вице Заеви, јавноста беше сведок на уште еден скандалозен материјал во кој постои сериозна индиција дека адвокатот Васко Димишков и неговата сестра Весна Димишкова стојат зад безобразна трампа на правда со милиони евра.
Зоран Заев нека не се крие зад изјавите на обвинителката Русковска која се најде за повикана да биде негов портпарол, или зад партиските соопштенија, туку нека излезе и јавно нека каже дали го познава адвокатот Димишков и дали во негово име е договаран овој пазар со правдата како да се работи за тезга со струмички домати и пиперки?
Толку е очигледна нервозата која владее во СДСМ и кај Зоран Заев. Вистината за рекетот полека излегува на виделина. На виделина ќе излезе и улогата на Заев. Изборите ќе бидат првиот суд со кој ќе се соочат Заев и неговата власт за сите криминали, корупција, порази и сиромаштија која ја донесоа.
Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки