20 јуни 2020
Власта на Заев е организирана само кога се работи за криминал, а е целосно неорганизирана кога треба да го штити здравјето и животот на граѓаните.
Вчера јавноста слушаше како се тргувало со правдата со баснословни суми од милиони евра, а од друга страна Македонија е земја во која здравствениот систем е на колена поради неодговорноста и несериозноста на Заев и СДСМ.
Во последното деноноќие има нов црн биланс во кој заболени се 156 лица, а починати се 6 лица. За жал поради ваквите бројки кои не се симнуваат со недели Македонија има втор пик и втор бран од епидемијата со корона вирусот. Сето тоа е поради вирусот Зоран Заев кој го девастираше целиот државен систем во овие три години.
Македонија сега е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Само од почетокот на јуни има повеќе од пола вкупно заболени во државата од епидемијата до сега, што се должи на лажната нормалност која Заев и СДСМ ја промовираа и водеа пред време кампања изложувајќи ги граѓаните на ризик.
На 15-ти јули завршува бедата која ја донесоа Заев и СДСМ. Доаѓа времето кога ќе бидат поразени короната и вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова, или измами.
Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!
Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.