Утрински Весник
Економија

Кафетериите и рестораните преку недела ќе работат до полноќ, за викенди до 1 часот после полноќ

Кафетериите и рестораните преку недела ќе работат до полноќ, за викенди до 1 часот после полноќ

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Владата, вечерва на седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што досега беше определено со овие протоколи.

Владината прес-служба соопшти дека измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивно објавување во „Службен весник“.

Како што објави претходно министерот за економија Крешник Бектеши,  одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти подразбира работа до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викенд.

По укинувањето на рестриктивните мерките и отварањето на угостителските објекти, (рестораните и кафеаните) имаа право да работат до 22 часот.лв/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година

Во пензискиот систем не се проблем парите, туку концептот

Фрчкоски: Барањето на синдикатите е оправдано, има пари  во Буџетот за 600 евра минимална плата