Утрински Весник
Политички Партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на објавата на Заев за изборната кампања

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на објавата на Заев за изборната кампања

 

19 јуни 2020

СДСМ и Зоран Заев се главните ширачи на Ковид 19 во земјата. Веќе подолг период Република Македонија има трицифрена бројка на новозаразени, а неспособната СДСМ не знае и не умее да се справи со оваа ситуација.  Заев треба да биде загрижен и за организирањето на нивните митинзи. На еден таков јавноста сведочеше деновиве,а истиот беше организиран со затворениците во затворот во Идризово.

Наместо Заев да шири приказни и да глуми загриженост нека даде одговори на јавноста. Заев треба да даде одговор дали кај него завршија парите од „Рекет“ и по чија наредба и со чии амин се случи уште еден рекет од 6 милиони евра.

Заев треба да одговори и како е дозволено и се случува адвокатот Димишков да кажува кој да се ослободи, а кој не, а притоа за тоа бара 6 милиони евра. Јавноста треба да знае и дали дел од тие пари завршија во џебот на Зоран и Вице Заеви?

Изборот е јасен, изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт