Тетово, 19 јуни 2020 (МИА) – Првпат откако беше назначен за поглавар на Исламската верска заедница, Реис Шаќир ефенди Фетаи ја посети Шарената џамија во Тетово и воедно тетовското муфтиство. Реисот ја предводеше и пладневната молитвата во Шарената џамија.
-Посебно задоволство ми е што сум денес во оваа џамија со високи културни и уметнички вредности и од овој град што се разликува со својот алтруизам во рамките на организација на религиозниот живот, со стара верска традиција како и иновативни и носители на долгорочни процеси. Им честитав на муфтиство во Тетово за изградбата на Објектот за верски и социјални услуги и џамијата на Попова Шапка, истакна реисот Шаќир ефенди Фетаи.
Реисот Фетаи, кој беше придружуван од скопскиот и гоствиарскиот муфтија во Тетово беше пречекан од тетовскиот муфтија Ќани Несими.ас/лв/