Утрински Весник
Македонија

На Јутјуб објавени „бомби“ за „Рекет“, Рускоска вели дека снимката била пуштена на судењето

Пресудата за „Рекет” во големата сала на Врховен суд

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – На платформата Јутјуб денеска се објавени два аудио материјали за случајот „Рекет“ на кои наводно се слуша гласот на адвокатот Васко Димишков.

Снимките се поставени од анонимен профил со називот „Али Баба Тредичи“.

Обвинителката Вилма Рускоска за ТВ 24 изјави дека нелегално снимените разговори за „Рекет“ Обвинителството ги имало и ги пуштило во судница на рочиште затворено за јавноста.  Според Рускоска, станува збор за исечоци од материјал во траење од  57 минути.

Пресудата за предметот „Рекет“ беше изречена вчера. Судот на првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски – Боки 13, му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години. Судот Јовановски го прогласи за виновен за сторени кривични дела – „примање награда за противзаконити влијание“ и за „перење пари“, а Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања.лв/см/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат