Утрински Весник
Македонија

Заев: Ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентибезбедно гласање на 15 јули

Заев: Ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентибезбедно гласање на 15 јули

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Во услови на глобална пандемија на коронавирусот ќе одржиме безбедна кампања и 100 проценти безбедно гласање на 15 јули, објави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Тој најавува дека нивната кампања ќе биде без митинзи и големи собири, а сите потенцијално ризични настани ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

Ја повикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престане, како што наведува, со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните.

Сите настани, потенцира Заев, ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани www.sdsm.org.mk

-Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните. Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победиме и ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, порачува Заев во објавата на „Фејсбук“.лв/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трпковски за Пулс: Лоши материјали, никакви услови и несериозното сфаќање на ситуацијата придонесоа за оваа голема трагедија

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица со дијабет тип 1