Утрински Весник
Македонија

Елези: Општините преку МСИП добиле финансиска поддршка од 40 милиони евра

Елези: Општините преку МСИП добиле финансиска поддршка од 40 милиони евра

Гостивар, 19 јуни 2020 (МИА) – Финансиската поддршка што локалните самоуправи ја добиле со МСИП проектот за подобрување на општинските услуги достигнала 40 милиони евра, изјави за МИА заменик министерката за финансии Ширет Елези по посетата на Општина Врапчиште.

– Со Светска банка како наш стратешки партнер на нашата држава заедно реализираме суштински проекти. За изминативе три и пол години изреализиравме 230 проекти низ целата држава и тоа се покажа како многу значајно како за граѓаните така и за општеството во целост, рече Елези.

Таа ја напомена дека финансиската поддршка која изминативе две години општина Врапчиште ја добила од државата е значајна бидејќи се финансирани проекти што директно влијаат врз подобрување на животот во овој подшарпланински регион.

Елези потенцира дека државата помогнала во неколку крупни инфраструктурни зафати како изградбата на патот Градец-Сенокосе вреден 500 илајди евра и изгардбата на хидросистемот за наводнување Речица-Равен кој минува низ оваа полошка општина и овозможува наоводнување на три илјади хектари. Државата со 150 илјади евра го помогнала и опремувањето на двете детски градинки во селата Добри Дол и Неготино.згм/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир