Утрински Весник
Македонија

Милевски: Се инвестира во регионален пат во Орман и мултифункционално игралиште во Кондово

Милевски: Се инвестира во регионален пат во Орман и мултифункционално игралиште во Кондово

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Почна изградба на регионален пат од село Орман до Општина Чучер Сандево за унапредување на руралниот развој во овој регион. Министерството за локална самоуправа за патот инвестира три милиони денари, а ќе биде реализиран преку Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Увид на терен денеска извршија министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски и директорт на Центарот за развој на Скопскиот плански регион Љупчо Мицковски.

– Инвестирањето на регионален пат од село Орман до Општина Чучер Сандево е важно за патната инфраструктура, за унапредување на рурален и локален развој, со тоа и развој на скопскиот регион. Министерството за локална самоуправа за овој проект издвои три милиони денари. Со градоначалникот Наумоски сме на увид за проектот кој е во почетна фаза. Со вакви проекти во селата ќе се намали миграцијата на село-град и воедно ќе има поголема безбедност на патот и ќе имаат непречено функционирање на околните општини во однос на комуникација со градот Скопје, изјави министерот Милевски.

Градоначалникот Наумоски, како што се наведува во соопштението, посочи дека изградбата на локалните патишта е клучна за животот на граѓаните.

– Овој навидум маргинален пат од 500 метри, всушност е клучна делница кој ќе ги поврзе руралните со урбаните средини, но истовремено е и бајпас кон обиколницата и транзитаритирањето кон Косово. Најдиректно, жителите на Орман и Никиштани за два месеца ќе добијат побезбедно и поквалитетно сообраќање, а општина Ѓорче Петров ќе добие уште една линија на својата северна граница. Секој метар пат значи олеснување и подобрување на условите за живот. Само заедничкото работење на релација Влада-локална самоуправа евидентно дава резултати. Можеме уште, можеме и повеќе, истакна Наумоски.

Како што информира Министерството за локална самоуправа, Милевски имал работна средба и со градоначалникот на Сарај Блерим Реџепи во Кондово за проектот  „Спорт за сите здравје за сите – Изградба на иновативно мултифункционално игралиште“, што е во завршна фаза.

– Самиот проект спорт за сите, здравје за сите ќе придонесе со ова иновативно мултифункционално игралиште во Кондово. Со градоначалникот Беџети и директорот на Скопски плански регион увидовме дека проектот е во завршна фаза и наскоро со ова игралиште жителите ќе се гордеат. Министерството за локална самоуправа партиципираше со над 394 илјади денари, а дополнителни средства беа во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. Ги охрабрувам и останатите општини во иднина да аплицираат за вакви проекти во кои ќе имаат примарна компонента, а тоа е здравјето на граѓаните, за да имаме здрава нација, вели Милевски.

Целта на проектот е да се подобри квалитетот на образовната програма и физичкото воспитување во руралните средини преку таргетирање на придобивките од спортувањето и здравиот начин на живот. Проектот го имплементира Центарот за развој на Скопски плански регион во рамки на иновативната компонента на националниот проект „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“.

Според градоначалникот Беџети, овој проект е потребен за учениците кои учат во училиштето. Проектот е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и Општина Сарај во вредност од околу два милиони денари.

Мицковски изјавил дека овие два проекти се за развој на Скопски плански регион од програмата на Владата за рамномерен регионален развој. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја