Утрински Весник
Македонија

Наградени првенците на генерација од Карпош

Наградени првенците на генерација од Карпош

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Со финансиска поддршка од 10 илјади денари, локалната самоуправа ги награди најдобрите ученици – првенци на генерација од основните училишта во Карпош.

Како што соопшти Општината, станува збор за основците кои во текот на целата учебна година покажале континуиран одличен успех, но учествувале и на натпревари, оствариле вонучилишни активности и сл.

– Годинава, речиси цело второ полугодие се спроведуваше е-настава, во која учениците активно учествуваа и докажаа дека нема пречка која може да застане на патот на знаењето, наведуваат од Општината.

Најдобрите ученици добиле и пофалници од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој им честитал за успехот и им посакал убав распуст.

– Се надевам дека за 10 години од денес, ќе бидете уште поуспешни млади луѓе. Верувајте во себе и работете на постојано надградување. На општината, на земјата и требаат квалитетни млади луѓе, кои тука ќе растат, ќе вложуваат. Изминатиов период заминаа многу млади од нашата држава. Вие сте капиталот, највредното нешто на Македонија и затоа сите треба да се бориме за да обезбедиме подобра сегашност и иднина за вас, најмладите, рече Богоев.

Градоначалникот разговарал со првенците и за следната етапа од нивниот живот – средното образование. Најголем дел од учениците ќе продолжат со гимназиско образование во средните училишта во Карпош. мс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје