Утрински Весник
Македонија

Предлог-казни од по 2 000 евра за 30 лица во Скопје за непочитување на полицискиот час

Казнени налози за 13 скопјани, не го почитувале полицискиот час

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против 30 лица за непочитување на полицискиот час.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

За сите нив надлежен јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите лица се осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор