Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 јуни (МИА) – На 18.06.2020 по добиена судска наредба извршен е претрес во дом и други простории кај Р.С.(30) од Скопје. Притоа пронајдени биле една тегла со тврда кафеава материја (хашиш) во маса околу 77 грама и една паковка со марихуана.

Од МВР денеска информираа дека тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 19.06.2020 во 03,55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Џон Кенеди“, го лишиле од слобода Н.К.(24) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.06.2020 во 23,26 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки со полуприколка управувано од А.К.(41) од Р.Србија, и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.П.(32) од с.Стајковци-скопско. Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 18.06.2020 во 23,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, 16 годишник од село Дебреште, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира“ без регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 18.06.2020 во 12,15 часот било пријавено дека во село Батинци-скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Н.(21) од с.Батинци и велосипед управуван од Б.С.(59) од село Батинци. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 18.06.2020 во 17,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на планинскиот превој Пресека кон Охрид А.Ќ.А.(45) од село Лисичани, општина Пласница, управувајќи патничко моторно возило “БМВ“ со кичевски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил 17 годишен сопатник по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

На 18.06.2020 во 13,25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај село Зајас се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел зафира“ со кичевски регистарски ознаки управувано од А.А.(36) од Кичево и моторцикл „Јјмаха Р1“ без регистарски ознаки управувано од А.И.(24) од Кичево. Во незгодата моторцикистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

На 18.06.2020 во 13,25 часот во Полициската станица Аеродром А.К.(53) од Свети Николе, пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

На 18.06.2020 во 16,00 часот Полициската станица Карпош А.С.(19) од Скопје пријавила дека на бул.„Партизански Одреди“ била касната од куче скитник.

Во текот на 18.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле нерегистрирани, еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи поминал на црвено светло и 42 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

(Видео) Анкета: Дали платите на функционерите се високи? Еве што велат граѓаните

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка