Утрински Весник
Македонија

Се реновираат објектите на градинката „Срничка“

Се реновираат објектите на градинката „Срничка“

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со претседателката на Советот, Ивана Цветковска, и дел од советниците ја посетија детската градинка „Срничка“, каде што деновиве се изведуваат поголеми зафати во сите шест објекти.

Директорката на градинката, Александра Јелиќ, ги запозна градоначалникот и советниците со текот на реновирањето на објектите, што опфаќа поставување ламинат, молерисување, поставување бина, санирање на мувлата по ѕидовите, менување на електриката, реновирање на тоалетите, хортикултурно уредување на дворовите, внатрешно разубавување на просторот и сл.

Градинката, како што истакна Јелиќ, подготвено ќе ги дочека дечињата по создавањето на условите за нивен престој.

Одф Општината најавуваат дека ќе продолжат инвестициите во иднината на најмладите и во обезбедување подобри и поквалитетни услови за секое дете. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Перпарим Бајрами тврди дека не е виновен за случајот „Државна лотарија“

Жена прегазена од автомобил во центарот на Скопје

Маж од Охрид загинал откако паднал од мопед