Утрински Весник
Спорт

Двајца дефанзивци аут за Јунајтед за дербито со Тотенхем

Двајца дефанзивци аут за Јунајтед за дербито со Тотенхем
Dik 300x250 mk

Лондон, 19 јуни 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека Фил Џонс и Аксел Туанзебе се единствените играчи кои имаат проблеми пред вечерашниот судир против Тотенхем. „Црвените ѓаволи“ ја продолжуваат својата кампања во Премиер лигата со посета на Северен Лондон.

Сепак, Пол Погба и Маркус Рашфорд целосно закрепнаа, што е одлична вест за Норвежанецот.

– Имаме двајца играчи – Фил Џонс и Аксел Туанзебе – кои ќе го пропуштат овој дуел [против Тотенхем]. Остатокот од тимот е без проблеми, рече Солскјаер.

Ова го остава норвешкиот стратег со Ерик Баи, Виктор Линделоф и Хари Мегваер како опции за дефанзивата пред судирот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс