Утрински Весник
Македонија

Спасовски во посета на Прилеп и Крушево

Спасовски: Избори мора да има

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска ќе ги посети општините Прилеп и Крушево, соопшти владината прес-служба.
Спасовски, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и директорот на Општата болница Драги Богојески, ќе извршат обиколка на новоизградениот Ургентен центар и реновираното Акушерско одделение во рамки на болницата „Борка Талески“ и ќе извршат увид во донирана опрема во вредност од 50.000 евра.
Премиерот Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе направи увид во рехабилитираната улица „Пере Тошев“ во најголемата населба „Точила“, а потоа и во градежните активности на регионалниот пат Алданци – Норово.

Во Крушево, Спасовски, вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и градоначалникот Томе Христоски, ќе извршат увид во изградбата на гробното место на Тоше Проески и ќе положат цвеќе во спомен куќата.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди

Уште една жртва од нападот во училиштето за танци во Англија, на повредите им подлегна деветгодишно девојче

Велешанец фатен со дрога, ја фрлил кога ги видел полицајците