Утрински Весник
Македонија

Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казна, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казна, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Денешната пресуда беше очекувана од почетокот на овој судски процес. Знаевме дека ќе биде вака брутална казна и оваа пресуда најмалку се заснова на докази, изјави по објавувањто на пресудата за „Рекет“ бранителот на неправосилно осудениот Бојан Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски.

Тој посочи дека немало изготвено вештачење, а судот во образложението на вина се повикувал на некои докази.

– Мене навистина не ми е јасно на какви докази, но тоа е тоа. Овдека не завршува нашата борба и мислам дека е не фер, кога на крај беше спомнато дека во судот во Стразбур била одбиена времената мерка, требаше да дополни судијата дека навистина е одбиена, но прифатена е апликацијата, изјави Дуковски.

Во однос на тоа дали обвинителството докажало каде завршиле парите, Дуковски, рече дека има снимка на која три секунди се гледаат пари, а после тоа еден лик носи ташна, како да е перо во рака.

– Дали знаете дека најобичните предмети ширум судовите во Република Македонија за најобичен поткуп од 50 евра на сообраќаен полицаец се обележуваат парите и се фаќа. Дали мислите дека, доколку тоа навистина така се случело Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и веднаш уаспен. Ова е една конструкција од самиот почеток, со голема помош на соизвршителот кој влегува и излегува од притвор кога сака и како сака. Се применуваат апсолутно двојни аршини, изјави Дуковски. оџ/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор