Утрински Весник
Магазин

Дени Мастерсон уапсен за три случаи на силување

Дени Мастерсон уапсен за три случаи на силување

Лос Анџелес, 18 јуни 2020 (/) – Американскиот глумец Дени Мастерсон, познат по ТВ-серијата „Луди седумдесетти“, е обвинет за силување на три жени во првите години од овој милениум.

Обвиненијата за трите силувања следат по тригодишната истрага за 44-годишниот актер. Тој беше уапсен вчера, а кусо потоа беше ослободен. Судењето е закажано за 18 септември.

Тој е обвинет за силување на 23-годишна девојка во 2001 година, друга 28-годишна во 2003. и уште една 23-годишна, истата 2003 година. Доколку биде осуден, за овие дела може да се соочи со казна затвор до 45 години.

За два други случаи, обвинителството одби да поднесе обвинение – едниот поради немање докази, а другиот – поради застареност.

Адвокатот на Мастерсон рече дека актерот е невин и дека е убеден дека ќе биде ослободен откако ќе бидат презентирани сите докази и ќе бидат сослушани сведоците. си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години