Утрински Весник
Македонија

Вториот бран на КОВИД дојде порано од што очекувавме, подготвени сме да интервенираме, вели Филипче

Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Апсолутно мерките беа носени врз основа на анализите во секој момент навреме и беа согласно сите препораки и критериуми на Светската здравствена организација и нема мерка што не е преземена, меѓутоа овој бран што потекнуваше од настани што точно ги идентификувавме од страна на епидемиолошките прашалници, беше нешто добро на што добро изреагиравме во овој момент.

Ова го оцени министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање „дали здравствениот систем има капацитет да се справи со оваа ситуација и дали ќе ја платиме цената на лошите стратегии и мерки кои се носеа во изминатиот период“.

– Точно знаеме со што располагаме и подготвени сме да интервенираме, дури и во случај да имаме и поголем број пациенти. Ние со ваква криза, а ниту една земја во светот не се соочила и сметам дека добро изреагиравме и добро се менаџира. Вториот бран дојде порано од што очекувавме, но тоа е тренд насекаде во регионот, истакна Филипче.

Анализирани се причините зошто дојде до ова зголемување, анализирани се мерките кои и кога се воведени во нашата земја, консултирана е и СЗО, информира министерот Филипче и потенцира дека нема мерка што не е спроведено или нешто што е пропуштено или направено во погрешен тајминг.

– Тоа што беше невообичаено и се трудевме да го анализираме беше како кај нас се случува, а не во околните земји за еден пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти, посебно имајќи ги предвид сличните карактеристики во сите земји во регионот, истите идентични воведени мерки во идентичен тајмин. Бевме прилично сигурно дека рано и на време сме интервенирале во идентификација на контактите и тестирање на контактите на заболените со најголем ризик, со цел да имаме чиста слика во овој момент на епидемиолошката состојба, за да не не изненади голем наплив на пациенти во одреден момент што сега го имаме и број не надминува 20 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани, појасни Филипче.

Во таа смисла, најави, интензивно анкетирање на терен, идентификацијата на контактите, нивно тестирање по индикација, може да предвидеме што ќе се случи.

Според  Филипче, веќе истиот тренд се јавува и во регионот, го има насекаде во сите околни земји веќе со сериозен број новодијагностицирани, што, потенцира, ни укажа на тоа дека навреме сме интервенирале и оти со оваа стратегија треба да продолжиме.

Капацитетите се подготвени, потенцира, и има сосема доволен број кревети и медицинска опрема и сега кога има навистина голем број пациенти, посебно во изминатите неколку денови.

Според него, најголем притисок има во ГОБ „8 Септмври“ и Инфективната клиника во Скопје.

Уште еднаш повтори дека консултации се прават секојдневно со сите директори во смисла на тоа доколку треба префрлање пациенти во зависност од тежината и капацитетот на ЈЗУ или болница во внатрешноста на земјата.цр/лв/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег