Утрински Весник
Македонија

Полицијата заедно со претставници на ЈСП Скопје делеа маски на автобуската постојка кај мостот „Влајко“

Полицијата заедно со претставници на ЈСП Скопје делеа маски на автобуската постојка кај мостот „Влајко“

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈСП Скопје денеска во скопската населба Влае односно на автобуската постојка кај мостот „Влајко“, реализираа превентивни активнсоти во насока на поуспешна превенција во справувањето со актуелната пандемија од Ковид – 19, објави на својот фб профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Заедно со полициски службеници од ПС Карпош беа делени заштитни маски на лица кои беа затекнати без нив, со кусо информирање на граѓаните за оваа заштитна мерка донесена во рамки на владините уредби и одлуки за справување со коронавирусот, напиша министерот Чулев.

Превентивните активности, подвлекува тој, имаат за цел подигнување на јавната свест, а целокуппната кампања има едукативен карактер и тие че траат се додека се на сила мерките и одлуките на Владата по однос на справувањето со епидемијата од Ковид – 19. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груевски ослободен од ,,Талир 2″

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

„Преку езерото”: Филмот „Кома” на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи