Утрински Весник
Македонија

Царовска: Со развој на социјални претпријатија во кои ќе се вработуваат најранливите ќе се намалува сиромаштијата

Царовска: Со развој на социјални претпријатија во кои ќе се вработуваат најранливите ќе се намалува сиромаштијата

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, денеска учествуваше на националната конференција „Социјално претприемништво: Иновативен бизнис – модел за похумано општество“, организирана од граѓанската организација ХЕРА, а којашто се одржа преку електронска апликација. Конференцијата треба да овозможи поширока јавна дебата и дискусија помеѓу сите засегнати страни во општеството и заедно со праксата што ја има во земјата, спроведените истражувања и анализи, да ги утврди начините и потребите за развој на овој сектор, особено во услови кога, како што вели Царовска, се соочуваме со социо-економска криза предизвикана од светската пандемија.

-Сметам дека е многу значајно што за една ваква важна тема зборуваме во едно специфично време. Социјалните претпријатија се голем ресурс на којшто заеднички ќе треба да се потпреме во наредниот период.  Ако вложиме во претпријатија коишто ќе се грижат, односно ќе ги вклучат најранливите, ќе овозможиме услови за  намалување на сиромаштијата. Како држава тргнавме да воспоставиме еден нов стандард во намалување на сиромаштијата. Засега добро ни оди. Но, вистинското излегување од сиромаштија е вработување и тука го гледам развојот на социјалното претприемништво, коешто го очекувам и од развојот на социјалните услуги на локално ниво, рече Царовска.

Според Царовска, со стратегијата за развој на социјално претприемништво веќе е создаден еко – простор, останува иницијативата на одговорните компании да се вклучат во овие процеси и заеднички да се делува.

-Kонцептот на социјалната економија, се темели на принципите на солидарност и индивидуалното учество во процесот на развојот на активното општество, овозможувајќи висок степен на вработување и подобар квалитет на животот, но и рамка за нови облици на претпријатија и работни места. Она што е започнато досега, а треба да продолжи во наредниот период е активацијата на корисниците на гарантиран минимален приход, вложување во човечките капацитети и создавање на квалификувана работна сила,  за потребите адресирани и од компаниите, подвлече вицепремиерката за економски прашања. сст/лв/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа