Утрински Весник
Македонија

Наместо во јули „Д Фест“ во Дојран ќе се одржи во август

Наместо во јули „Д Фест“ во Дојран ќе се одржи во август

Гевгелија, 17 јуни 2020 (МИА) – Дојранскиот „Д Фест“ кој од страна на организаторот „Пасворд Продукција“ амбициозно се подготвуваше за одржување на почетокот на јули, поради актуелната состојба со пандемијата на корона вирусот е пролонгиран и ќе се случи од 21 до 23 август.

-Во текот на изминативе месеци напорно работевме на подготовка на фестивалот според препораките за заштита од Ковид-19, која резултираше со многу голем интерес и рекордна продажба на карти до сега. Сепак бројките на заболени моментно не се добри поради што решивме да го одложиме фестивалот за новиот термин, рекоа организаторите.

Посочија дека со задржување на купениот билет може да се присуствува со него на фестивалското издание во 2021 година и дека наскоро ќе бидат објавени и други решенија за поврат на средствата. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа