Утрински Весник
Македонија

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

Над 60 отсто од трговците ги зголемиле цените, најмногу ги поскапеле лимоните

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот.

Министерството за економија ги информира трговците на мало и на големо дека со крајот на вонредната состојба престанува да важи обврската највисоката трговска маржа на портокалите, мандарините, грејпфрутот и лимоните на трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо да се определи во вкупен износ до 10 отсто, односно до 15 отсто во трговијата на мало.

Исто така, престанува да важи обврската цените кои се применувале на 11 март 2020 година да бидат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало, на: лебот, солта, шеќерот, зејтинот, млекото и млечните производи, јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите, личната заштитна опрема, средствата за лична хигиена и дезифекционите средства, потрошниот медицински материјал и медицинската опрема.

Престанува да важи и обврската за ограничување извоз на пченица и издавањето на дозволи од Министерството за економија извоз на брашно.

Инаку, претседателот Стево Пендаровски последен пат по предлог на Владата прогласи вонредна состојба на 15 јуни 2020 година во траење од осум дена, што значи дека доколку нема ново продолжување трговците ќе може да ги одмрзнат цените веќе од почетокот на следната недела.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина