Утрински Весник
Спорт

Нагелсман: Сè уште сметам на Вернер, тој сè уште не замина

Нагелсман во најтесниот круг на потенцијални тренери на Њукасл

Лајпциг, 17 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман изјави дека сè уште смета на напаѓачот Тимо Вернер во Лигата на шампионите. Претходно беше објавено дека 24-годишниот Германец е близу до пристапување во Челзи во јули, и затоа нема да може да му помогне на Лајпциг на следните натпревари во Лигата на шампионите закажани за август.

– Во моментов, Тимо, како и досега, е вклучен во моите планови, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Вернер е фудбалер на Лајпциг. Тој сè уште нема потпишано договор со ниту еден друг клуб. Неговата важност за нашиот тим е неверојатно голема. Тој има одлични показатели за перформанси какви што треба да се очекува од напаѓачот, изјави Нагелсман.

Во сезоната 2019/20, Вернер одигра 41 натпревар за Лајпциг, со 31 погодок и 13 асистенции на негова сметка. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење