Утрински Весник
Магазин

Принцот Чарлс страда од губиток на мирис и вкус по заразата со коронавирус

Принцот Чарлс страда од губиток на мирис и вкус по заразата со коронавирус

Лондон, 15 јуни 2020 (/) – Принцот Чарлс вели дека сè уште не го вратил своето чувство за мирис и вкус откако се зарази со коронавирусот во март.

Престолонаследникот говореше за својата здравствена состојба и искуството од заразата за време на посетата на Кралската болница во Глочестершир. Тој беше придружуван од неговата сопруга – војвотката од Корнвол, Камила. Притоа, тие ги следеле правилата на физичка оддалеченост од два метра.

На 71-годишниот принц му беше дијагностицирана инфекција со Ковид-19 многу бргу по прогласувањето пандемија. Колку што е познато, тој имал само благи симптоми на болеста, а стручните лица сметаат дека губењето на чувството за мирис е еден од главните симптоми.

Војвотката од Корнвол рече дека минатиот викенд ја оствариле својата прва средба со внуците по подолго време, нагласувајќи дека тоа е „одличен третман“ за болеста, иако прегратките се уште не се дозволени. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што се случува со вашето тело ако не пешачите редовно

Германец го нападнал својот сосед, премногу гласно ги удирал шницлите

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови