Бремен, 16 јуни 2020 (МИА) – Баерн Минхен стана шампион на Германија по осми пат во низа, совладувајќи го Вердер Бремен со 1:0 како гостин во натпревар од 32-то коло од Бундеслигата.
Момчињата на Флоријан Кофелд се држеа добра на теренот во првото полувреме и на почетокот дури имаа теренска надмоќ, но непосредно пред паузата беа матирани по маестралниот потег на Роберт Левандовски, кој доби одличен пас од Џером Боатенг.
Десет минути по паузата, нов гол на Левандовски беше поништен поради офсајд, а во 79-тата минута Баварците останаа со човек помалку заради црвениот картон на Алфонсо Дејвис.
Баерн има 76 поени на врвот и има десет бода предност пред Борусија Дортмунд, која игра утре.
Ова е 30-та титула вкупно за Баерн, кој има 22 последователни победи над Вердер Бремен во сите натпреварувања.
Клубот од Бремен останува на претпоследното место со 28 бода.