Утрински Весник
Македонија

Избрани членови на Советот на јавните обвинители

Советот на јавни обвинители ја доби одлуката за разрешување на Јанева

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители денеска ги објави резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители во Република Северна Македонија, по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.128/20 од 18.05.2020 година, од подрачјето на ВЈО Битола, ВЈО Гостивар, ВЈО Скопје, како и од посебната листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Републиката, со изборни места како за општата листа.
-За член на Советот од подрачјето на ВЈО Битола е избран Антонио Јолевски – јавен обвинител во ОЈО Битола, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Гостивар е избран Фаик Арслани – јавен обвинител во ВЈО Гостивар, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Скопје е избрана Фиданка Рајевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје, за член на Советот од посебната листа на кандидати јавни обвинители кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Македонија е избран  Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење