Виена, 16 јуни 2020 (МИА) – Селекторот на машката ракометна репрезентација по по добивањето напротивниците во квалификациите за ЕП 2022 изјави дека групата „не е ниту лесна, ниту најтешка“.
По денешната ждрепка, Македонија се најде во групата 7 за европскиото шампионат кој ќе се игра во Унгарија и Словачка, заедно со Данска, Швајцарија и Финска
– Групата е коректна. Не е ниту лесна, ниту најтешка. Данска е фаворит, а со Швајцарија и со Финска можеме до позитивен резултат на сите натпревари. Ни преостанува период за подготовка и анализа на противниците и се надевам дека сите репрезентативци ќе имаат запазени улоги во своите екипи и ќе бидат максимално подготвени за квалификациските дуели, изјави Брестовац.
Европското Првенство ќе се одржи во период од 13 – 30 Јануари 2022 година.
Квалификациски групи за пласман на ЕП 2022:
Група 1: Франција, Србија, Белгија, Грција
Група 2: Германија, Австрија, Босна и Херцеговина, Естонија
Група 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови
Група 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел
Група 5: Данска, Холандија, Полска, Турција
Група 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија
Група 7: Данска, Македонија, Швајцарија, Финска
Група 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово
Термини на одигрување на натпреварите:
1 коло: 04/05 ноември 2020
2 коло: 07/08 ноември 2020
3 коло: 10/11 март 2021*
4 коло: 13/14 март 2021*
5 коло: 28/29 април 2021*
6 коло: 02 мај 2021*