Утрински Весник
Македонија

Невреме проследено со град во пехчевскиот регион

Невреме проследено со град во пехчевскиот регион

Пехчево, 16 јуни 2020 (МИА) – Невреме проследено со град попладнево го зафати пехчевскиот регион. Градот, како што информираат жители бил најизразен во селата Умлена и Робово и зафатил мала површина на житни посеви и овошните насади.
-Силниот дожд проследен со град започна околу 14 часот и набрзина успеа да зафати дел од насадите со слива. Врнежите од град зафатија дел од житните посеви на кои поради сушата било каква влага му е добредојдена. За овошните насади ќе биде проблем, но допрва треба да видиме дали има и колкави се штетите, велат жители на Робово.
Освен во пехчевско, пообилни врнежи од дожд има и во дел од селата во горниот дел од Пијанечкиот регион.
-Дождот е добредојден за сето она што го има на нивите, без разлика дали се работи за жито, овошки или градинарски култури. Конкретно ние имаме компиров и насад со пченка што ќе помогне тие да бидат со добра влага во пресрет на летото, додаваат жители од делчевското село Стамер.
Агрономите исто така се децидни дека моменталната влага е добредојдена за земјоделците, особено за одгледувачите на компир и пченка, како и за посевите со жито чиј род ќе биде зацврснат пред годинешната жетва. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски