Утрински Весник
Македонија

Се отвораат сите гранични премини, но мерките остануваат исти

На граничниот премин „Богородица“ се чека повеќе од половина час

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе одлука да ги отвори сите гранични премини во земјата, но на сила и натаму остануваат мерките како приложување валиден негативен ПЦР тест при влез во земјава и задолжителна самоизолација од 14 дена. Новина е што странците, наместо како досега да можат да транизитираат низ земјава само преку граничните премини Табановце и Богородица, тоа во рок од 5 часа да можат да го направат и преку другите премини.

-На оваа седница Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР, соопшти владината прес-служба.

од Владата појаснуваат дека останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

-Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, се вели во соопштението од Владата.

На денешната седница Владата го дополнила Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија.

-Од утре протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Северна Македонија. Останува одредбата во протоколот која пропишува дека транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот, информираат од Владата. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика