Утрински Весник
Македонија

Приватните болници ќе можат да хоспитализираат и да укажуваат нега и терапија на болни од Ковид-19

Се одложуваат постапките за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за коронавирус за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест Ковид-19.

Ова се наведува во дополнението, што го направи Владата во рамки на денешната 69-та седница, на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, соопшти владината прес-служба. рп/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

СДСМ:  12 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале граница

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице