Утрински Весник
Спорт

Големи премии за Лацио при освојување на титулата

Големи премии за Лацио при освојување на титулата

Рим, 16 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одделил бонуси од 18 милиони евра што ќе ги добијат „орлите“, доколку ја освојат титулата во Италија, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Според информациите, раководството и играчите постигнале договор за бонусите, а за секој од нив ќе бидат потребни околу 400.000 евра доколку Скудетото „слета“ во Рим.

Лацио е втор во пласманот по лидерот Јувентус пред продолжението на Серија „А“ овој викенд.

Претседателот на Лацио и фудбалерите се согласија да не земаат месечна плата за време на паузата поради пандемијата, а уште една плата е одложена за декември.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград