Утрински Весник
Македонија

Албанските медиуми за датумот за избори и продолжената вонредна состојба

Албанските медиуми за датумот за избори и продолжената вонредна состојба

Тирана,15 јуни 2020 (МИА) – Албанските медиуми,без исклучок отстапуваат широк простор за постигнатиот договорот за датумот на вонредните парламентарни избори во Северна Македонија и продолжената вонредна состојба од страна на шефот на државата, Стево Пендаровски.

„Предвремените избори во Северна Македонија ќе се одржат на 15 јули“, „По многу договарања конечно договор за избори на 15 јули“ „Претседателот Пендаровски за осум дена ја продолжи вонредната состојба“ „Пендаровски очекува изборите да бидат демократски“, се најчестите наслови на информациите кои ги емитуваа медиумите.

-Политичките партии во Северна Македонија конечно постигнаа договор предвремените избори да се одржат на 15 јули. Од кога поранешниот премиер Зоран Заев поднесе оставка, земјата е без парламент и со техничка влада, која по прогласувањето на вонредната сосотјба поради пандемијата имаше право да донесува одлуки со законска моќ, наведува Ора њуз.

Топ чанел прави поширок приказ за текот на разговорите и постигнатиот консензус меѓу лидерите на двете најголеми политички партии,Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицковски на ВМРО ДПМНЕ.

Во сите новинарски извештаи за последните случувања на македонската политичка сцена се потсетува на првичниот датум, за преговорите водени меѓу политичките партии, како и средбите на лидерите со странските дипломати.

Исто така се пренесува и ставот на ДУИ, која смета дека со постигнатиот консензус избегната е политичка криза во земјата.

Пренесувајќи ја веста за одлуката на претседателот Пендаровски за продолжување на вонредната состојба за осум дена, главен акцент се става на неговата изјава дека „очекува изборите да бидат слободни и демократски, имајќи ја во предвид евро-атланската перспектива на земјата“. вт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Оштетен автомобил и покрив на куќа – Битолчани вознемирени од невремето кое ги зафати (ФОТО)