Скопје, 16 јуни 2020
Демократска Унија за Интеграција изразува длабока вознемиреност за реакциите на претставниците на македонските политички партии по повод започнување на легитимната инициатива за изборот на Првиот Премиер Албанец во Северна Македонија.
Говорот на омраза и ширењето на национализмот кај македонските политички претставници, зборува за неподготвеност на општеството за потполна рамноправност и за еднаков третман на сите граѓани.
Првиот Премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и Американското партнество и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин.
Советникот на Градоначалникот на Општина Бутел, кој истотака се избра со гласовите на Албанците, јавно ја предводеше омразата за идејата на Првиот Премиер Албанец и на Албанците воопшто, што е разочарувачки потег и за кривична одговорност пред државните органи.
Ние ги повикуваме македонските партии да се воздржат од говоро на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на нашата земја.
Демократска унија за интеграција
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.