Скопје, 16 јуни 2020
Светот и меѓународната заедница мора јавно да ја обележат Република Македонија како држава во која наместо владеење на правото функционира владеење на каприците на недозреаната и несовесна политичка елита. Како поинаку да се објасни кога и Претседателот на државата е ставен во функција на дневната политика, каде поради болните суети на некои лидери на политички партии, истиот се става во улога на заобиколувач и прекршител на Уставот, Уредбата со законска сила за течење на роковите на изборите и Одлуката на Уставниот суд. Во ниту една држава во светот уставните празнини и недоречености не се ставаат во функција на задоволување на суетите на лидерите на политичките партии туку се внимава истите да не бидат на штета на граѓаните и на штета на економијата и иднината на државата. Вчера лидерите на Мицковски и Заев јавно ја погазија функцијата Претседател на државата и од Пенадаровски направија беспоговорен извршител на нивните каприциозни и незрели желби, замисли и идеи.
ФРОДЕМ и ,,Колицијата Никогаш северна, само Македонија” бара од Пендаровски јавно на нацијата да и објасни што тоа се случи за овие неколку дена за да тој повторно прогласи вонредна состојба, за која само до пред три дена тврдеше дека нема никаква основа истата да ја продолжи. Срамно е образложението на синоќешната нова Одлука за прогласување на вонредна состојба дека истата се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите од причина што ДИК и останатите институции мораа и треба и досега да бидат комплетно подготвени за изборите. Уште полицемерно и бедно е обрзложението дека се прогласува нова вонредна состојба од нови 8 дена заради ,,спроведување на мерки за заштита на јавното здравје на граѓаните за време на изборниот процес во услови на пандемија на коронавирусот прогласена од Светската здравствена организација” а кои причини Пенадровски не сакаше да ги види кога пред три дена ја укина вонредната состојба и кога цврсто се држеше за уставниот рок за одржување на изборите. Должен е да објасни што тоа за 10 дена ќе се смени и ќе се превземе за да не биде загрозено здравјето при гласањето, иако до пред само три дена тврдеше дека здравјето на граѓаните и членовите на Изборачките одбори во ниту еден слуај не е и нема да биде загрозено на изборите.
Тој мора да знае дека никаде во светот, во ниту едно право, основ за прогласување на воена состојба не може да биде потребата да се задоволи суетата и личната замисла на лидер на опозициона партија или пак истата да биде во функција на корекција на незрелите и од рака исфрлени предлози на лидерот на позицијата.
Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” ја потсетува јавноста дека Пендаровски досега на три пати прогласи вонредна состојба без правна и уставна основа, за кое новиот состав на Собранието на Република Македонија мора сериозно и приоритетно да расправа и одлучува веднаш по конститутивната седница на новиот состав на Соранието. За свесното погазување на Уставот и останатите прописи како и за штетите, пропустите и криминалот и оптрукциите направени за време на вонредната состојба конечно некој ќе мора да сноси одговорност по изборите. Доста беа импровизации на дневна основа. Ние сакаме достоинствен извршител на функцијата Претседател на државата, а не потатко (очув) на нацијата и граѓаните кој ќе се грижи само неговото кајче мирно да му плови покрај ,,фрегатите” на т.н големи политички партии.
Доколку Република Македонија беше нормална држава во која доследно се почитуваат Уставот и законите, а не желбите и каприците на лидерите, денес Уставниот суд ќе реагира експресно и ќе покрене постапка за одговорност на Пендаровски кој наместо во улога и во функција на нацијата и почитувач на Уставот, свесно се постави во улога на беспоговорен извршител на дневната и каприциозна политика на лидерите на две партии. Ако е и од Пендаровски многу е, и доста е. И прагматичноста мора да има граници. Многу почесно ќе беше образложението да ја опишува вистинската состојба и причини. Сега сите ние знаеме дека и Пендаровски и лидерите на дветe партиите се едно тé исто. Сите бесрамно манипулираат и си играат со судбината и иднината на државата. Си поигруваат со Уставот, законите и прописите.
ФРОДЕМ – дел од Коалицијата ,,Никогаш Северна, Само Македонија”
Проф д-р Јове Кекеновски – носител на листа во ИЕ бр 2
__________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.