Утрински Весник
Магазин

Шест ресторани во Словенија добија Мишелинова ѕвезда

Шест ресторани во Словенија добија Мишелинова ѕвезда

 

Љубљана, 16 јуни 2020 (/) – По долгогодишни обиди конечно Словенија доби ресторани што имаат Мишелинова ѕвезда, односно највисоко признание за квалитет, јави дописникот на / од Љубљана.

На специјална церемонија во живо пренесувана од локални медиуми, пет ресторани добија по една, а угостителскиот објект„Хиша Франко“ доби дури две вакви ѕвезди. Коментарите на познавачите се дека во регионот на ниту еден ресторан не му успеало до добие две ѕвезди оддеднаш.

-Ова е посебен ден за Словенија и словенечката гастрономија, изјави министерот за економија Здравко Почивалшек непосредно по објавувањето на информацијата.

Оценувачите на Мишелен минатата година анонимно посетија голем број ресторани во Словенија. Како што изјави меѓународниот директор на оценувачите Гвендал Пуленец, тие биле воодушевени од земјата и како што кажа „кулинарските бисери“ кои ги поседува. ав/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци