Утрински Весник
Македонија

Филипче со апел до целото население за доследно почитување на мерките за заштита 

Филипче со апел до целото население за доследно почитување на мерките за заштита 

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас – нашата совест и нашата одговорност. Најефикасниот штит се трите правила кои мора доследно да ги почитуваме – држење растојание, носење заштитна опрема и одржување хигиена, апелира министерот за здравство Венко Филипче.

Тој порача дека секој треба да ја сфати сериозноста на вирусот, да се заштити себеси, а со тоа и своите најблиски, јавното здравје, здравствените работници и здравствениот систем.

-Нема компромис со овој вирус. Затоа да почитуваме. Јас верувам во нашите граѓани, во секој од вас. Заедно да се бориме – да се чуваме себе и нашите блиски, да го заштитиме јавното здравје, истакна Филипче. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов”- влага по реконструкцијата од 10 милиони

Левица: Не постои национално ослободување без економско ослободување

Приведени две лица во угостителски објект во Тетово, при акциска контрола пронајдена дрога