Утрински Весник
Македонија

Родителите на деца до 10 години се ослободени од работа, порача Филипче

Дезинфекција на душеци и теписи во градинките во Општина Карпош

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Мајките. односно родителите на деца до 10 години се ослободени од работа и верувам дека овој административен проблем може да се реши, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во однос на градинките за родители кои реагираат – мајки на кои породилното им завршило пред да се воведе вонредната состојба, не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.

– За ова неколку пати разговараме уште на почетокот на кризата затоа што уште тогаш имаше родители кои имаа ваков пример, така што административните служи во градинките и во останатите институции кои не функционираат работат. Тоа беше случај и за уписот за следната година. Така што не би требало да претставува проблем и за ова можам да го консултирам МИОА дали се работи за нешто што е проблем на терен или е некакво недорабирање, истакна министерот Филипче.

Министерот за здравство претходно уште еднаш повтори дека засега градинките нема да бидат отворени за примање дечиња.

– Градинките се уште не може да ги отвориме, бидејќи сакаме да ги заштитиме децата. Училишната година заврши, апелирам до родителите, да им укажат дека треба да носат маски и да не се групираат, иако младите поретко заболуваат и се најчесто асомптиматски но ја шират заразата, рече Филипче. цр/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила