Утрински Весник
Економија

Во Виница се градат 36 социјални станови, ќе се инвестира и во градскиот водовод

Во Виница се градат 36 социјални станови, ќе се инвестира и во градскиот водовод

Виница, 15 јуни 2020 (МИА) – Изградбата на првата социјална зграда во Виница се интензивира и се очекува во планираниот период од 18 месеци објектот да биде завршен.

Увид во градежните работи направија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски и градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, при што констатираа дека според сегашната динамика на градба, социјалната зграда може да биде ставена во функција и пред рокот.

– Социјалната зграда во Виница е еден од проектите со кој ќе им помогнеме на 36 најзагрозени семејства од општината. Според информациите од изведувачот, а и она што го видовме на терен, најверојатно таа ќе биде завршена многу порано до планираното. Освен овде, во моментот се градат 500 социјални станови во повеќе општини, меѓу кои и Пробиштип, Свети Николе, Неготино и Бутел. Покрај овој проект, во моментот разговаравме и за проширување на филтер станицата од градскиот водовод во Виница, истакна министерот Сугарески.

Изградбата на социјалната зграда во Виница чини 68 милиони денари, а директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, информираше дека досега во целата држава се почнати 13 градилишта со социјални згради.

-Во преговори сме со Европската централна банка за уште неколку проекти кои ќе бидат продолжение на веќе постоечкиот Ф/П1674, што ќе овозможи и понатаму да продолжиме да градиме вакви објекти. Размислуваме со идните проекти да опфатиме и други социјално ранливи категории граѓани, истакна Трајковски.

Градоначалникот на Виница, Димитров оцени дека со исполнувањето на рокот за завршување на социјалната зграда, семејствата од ранливите категории за една година ќе можат да се вселат во своите нови домови. Притоа додаде дека со поддршка од Министерството за транспорт и врски се работи на проектот за зголемување на капацитетот на филтер станицата за вода заради поврзување на селото Лески, а ќе се инвестира и во нова реконструкција на водоводната мрежа.та/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена