Утрински Весник
Македонија

Авионско прскање против комарци во Делчево

Авионско прскање против комарци во Делчево

Делчево, 15 јуни 2020 (МИА) – Општина Делчево ќе спроведе авионско прскање против комарци и други вектор-преносители на заразни болести. За таа цел општината распиша јавна набавка за авионско прскање против комарци за чија реализација се обезбедени 246 илјади денари од општинскиот буџет.

-Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување на постапка со објавување оглас за набавка од мала вредност, а отворањето на понудите ќе се спроведе електронски на ден 19 јуни 2020 година во 9:00 часот, информриаа од општината.
Авионското прскање против комарци, според планираното како што додадоа од општината, ќе се спроведе двократно.
-Авионското третирање за заштита од комарци ќе се врши по понудена цена по хектар, на површина од 300 хектари, односно вкупно за два пати прскање на површина од 600 хектари. Прскањето против комарци се планира да се изврши со еколошко средство одобрено од релевантни институции од земјата, а динамиката на прскањето ќе се определи согласно со динамиката на оваа активност во соседните општини (Македонска Каменица, Виница, Берово и Пехчево), додадоа од општината.
Општина Делчево секоја година врши соодветно третитрање на вектор-преносителите на заразни болести, а активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

КАМ соопшти дека на сите вработени за 2025 ќе им исплати рекорден К-15

Гори во Валандово и Дојран – МВР испраќа хеликоптер