Тетово, 15 јуни 2020 (МИА) – Во текот на викендот тетовчани добија казни за не носење на задолжителни маски за заштита со цел спречување на ширење на коронавирусот.
-Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за не носење заштитни маски на 75 лица по што им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, инфомираат од СВР Тетово.
Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 144 луѓе, додека вкупно биле контролирани 530 лица со вакви решенија во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 19 лица , а контролирани биле 120 лица со потпишани изјави за самоизолација.
-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест предизвикана од „ковид-19“. Според оваа Уредба, секое домашно или странско физичко лице должно е да носи лична заштита при излегување надвор од својот дом, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично, потсетуваат од СВР Тетово. ас/бк/