Утрински Весник
Македонија

Медицински сестри од Гевгелија им помагаат на своите колеги во ГОБ „8 Септември“ во Скопје

Зголемен бројот на грипозни пациенти во гевгелиско, состојбата се следи

Гевгелија,15 јуни 2020 (МИА) – Три медицински сестри од Општата болница со проширена надлежност од Гевгелија на барање од Министерството за здравство поради недостиг на кадар се испратени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде им се придружија на колегите во напорите за успешно справување со Ковид-19, потврди денеска директорот на гевгелиската болница Митко Крџев.

– Во текот на вчерашниот ден медицинските сестри пристигнаа во Скопје, каде со останатите нивни колешки од болниците во земјава поминаа кус тренажен процес за запознавање со процесот и протоколите за работа и од денеска се веќе распоредени на работа на болничките одделенија каде за тоа има најмногу потреба, рече Креџев.

Тој посочи дека медицинскиот персонал од Гевгелија ќе биде времено ангажиран како испомош во ГОБ „8 Септември“ за период од 14 дена.

Покрај тоа, денеска од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Гевгелија беше потврдено дека вчера регистрираниот инфициран пациент со Ковид-19 не е од Гевгелија, туку од селото Стојаково, општина Богданци. им/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб