Утрински Весник
Македонија

До четврток променливо и топло, во попладневните часови дожд и грмежи

До недела променливо и посвежо време со повремен пороен дожд

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – До четврток во попладневните часови ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, ќе биде топло со максимални температури кои ќе се движат околу 30-тиот степен.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време претпладне, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер кој попладне ќе засилува, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Денес, максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Од петок и за време на викендот времето ќе настапи стабилизирање на времето. Според најавите на УХРМ, ќе биде сончево со максимални температури кои ќе се движат од 23 до 31 степен. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи