Утрински Весник
Македонија

Во кумановско Ваксинце пронајдени 51 мигрант

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Во куќа во кумановското село Ваксинце полицијата вчера пронашла 51 мигрант, меѓу кои имало и шест малолетни лица.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во село Ваксинце, кумановско, полициски службеници при претрес во домот на Т.Ќ.(59), пронашле 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни лица.

Полицијата го известила обвинителството и се работи на расчистување на случајот. дма/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

10 дена без трага од Љупчо – Баравме помош уште пред да исчезне велат од семејството

Од Стража до Гостивар вечерва се патува и до час и половина

Приведен 20-годишник, со остар предмет се обидел да ограби обложувалница