Утрински Весник
Македонија

Општина Дебрца ќе ги субвенционира граѓаните кои ќе купат нови велосипеди

Општина Дебрца ќе ги субвенционира граѓаните кои ќе купат нови велосипеди

Охрид, 15 јуни 2020 (МИА) – Со цел поддршка на рекреативниот спорт и здравите животни навики Општина Дебрца ќе доделува поединечна субвенција на физички лица за купен велосипед во тековната година.

Акцијата насловена „Живеј здраво – вози велосипед“ ќе се реализира на начин што секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од три илјади денари.

Условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општината за субвенционирање на физички лица за купен велосипед ќе се утврдат во јавниот повик, што дополнително ќе биде објавен. аб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?