Утрински Весник
Македонија

Во Росоман досега нема заболени со коронавирус

Советот на Росоман не ја изгласа одлуката за проект за уредување на плоштадот

Росоман, 15 јуни 2020 (МИА) – Во општина Росоман до овој момент нема новодијагностицирани со коронавирусот, потсетија денеска од локалната самоуправа.

– Но, со оглед на зголеменото движење на населението по различни основи, препорачуваме почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Носење заштитна маска, држење растојание, одржување хигиена, велат оттаму.

Почитувањето на овие мерки, нагласуваат, е клучот во борбата против коронавирусот.

– Да бидеме одговорни, да не се групираме, потсетуваат од Општината, која е најголем производител на праски во државата и во која веќе започнаа бербата и откупот на праски. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски на конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Германија: Дијаспората е нераскинлив дел од татковината

Пронајдени марихуана, кокаин и прашкасти материи на повеќе локации во државата

Излезноста во Брвеница до 13 часот повисока за 7,31 процент од првиот круг