Утрински Весник
Македонија

Регистрирани 620 прекршоци за неносење маски, 324 лица во изолација

Регистрирани 620 прекршоци за неносење маски, 324 лица во изолација

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на нашата држава, полицијата регистрирала 620 прекршоци за неносење заштитна маска.

Од МВР соопштија дека во истиот период во Република Северна Македонија на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација, се наведува во соопштението на МВР. бк/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки, во нивно време се уништи Еуростандард