Утрински Весник
Македонија

Во Кичево издадени 23 прекршочни платни налози за неносење маска

Движењето Беса подели 400 заштитни маски за граѓаните на Кичево

Кичево, 14 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале  23 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19,информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој додаде дека на подрачјето на ОВР Кичево, моментно во изолација се 33 лице, а во самоизолација се регистрирани 17 лица.

Воедно, полициските службеници самостојно или во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 34  контроли врз угостителски и други објекти, додаде Димоски. рз/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи