Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Досега одобрени седум милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити

Ангеловска: Досега одобрени седум милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити

Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Средствата, како што наведува, се доделени на 593 компании со 10.108 вработени.

-Заедно со Ковид 1 линијата, досега, преку бескаматни кредити во износ од 12,67 милиони евра поддржани се 1.331 микро, мали и средни компании во кои работат 16.632 вработени, пишува Ангеловска.

Вчера на владината седница беа одобрени нови  476 кредити за микро, мали и средни компании во вредност од 5,14 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити преку Развојна банка на Северна Македонија. Во овие компании работат 7.107 лица.скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра