Утрински Весник
Спорт

Ремзи пред трансфер во Тотенхем?

Ремзи сам се претстави како ново засилување на Јувентус

Торино, 14 јуни 2020 (МИА) – Англиските медиуми пренесуваат дека офанзивниот играч од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи може изненадувачки да се пресели во Тотенхем за следната кампања.

Ремзи пристигна на стадионот „Алијанц“ летото 2019 година. Сепак, тој не успеа да се етаблира во почетниот состав на Маурисио Сари, откако забележа многу променливи настапи.

Информациите за преселбата во Тотенхем се ненадејни во поглед на минатото на Ремзи, скоро целосно поврзани со големиот ривал „петлите“ – Арсенал.

Според „Сан“, „бјанконерите“ може да прифатат пониска цена за играчот за да го продадат, бидејќи платата на велшкиот репрезентативец е импресивна – 400.000 фунти неделно.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина легендата на Работнички, Томче Филиповски

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“