Утрински Весник
Спорт

ПСЖ потврди дека Тијаго Силва и Кавани го напуштаат клубот

Силва: Радосни сме дека Нејмар остана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Париз, 13 јуни 2020 (МИА) – Тијаго Силва и Единсон Кавани го напуштаат ПСЖ на крајот на сезоната. Ова го потврди францускиот шампион, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој се повика на Бразилецот.

Договорите на двајцата играчи истекуваат на 30 јуни, по што тие ќе станат слободни агенти.

Силва (35) одигра 30 натпревари за ПСЖ во сезоната 2019/20 и постигна еден гол со една асистенција, додека 33-годишниот Уругваец Кавани има 22 натпревари, седум гола и три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи